Најбруталниот „кум“ на Коза Ностра, Тото Риина, починал од природна смрт

Салваторе Тото Риина, „Капо ди тути капи“ на сицилјанската мафија, починал од природна смрт во петокот во затвор, ден по својот 87-ми роденден, а беше брутален убиец кој четврт век ја тероризаше Италија, пренесува агенцијата ANSA.

Отслужувајќи неколку доживотни казни за разни убиствa, Салваторе Тото Риина, починал во 3,37 часот во Парма, каде што беше затворен пове’е години. Според медиумските извештаи, во последните 24 часа паднал во кома. Причината за смртта не е објавена, но Риина пател од рак на бубрезите и од слабости на срцето.

Роден е 1930 година во мафијашкиот бастион Корлeоне на Сицилија, место коешто беше инспирација за фиктивното мафијашко семејсво во епската филмска трилогијата „Кум“. Пред апсењето во 1994 година, мина 24 години во бегство. Имал два интерни прекари: Ѕвер, поради бруталноста, и Кусиот, бидејќи бил висок само 158 сантиметри.

Под негово водство сицилијанската Коза Ностра уби неколку високи функционери, вклучително и гувернерот на Сицилија, Пјерсантини Матарела, братот на сегашниот италијански претседател Серџо Матарела, како и легендарните антимафијашки обвинители Џовани Фалконе и Паоло Борселино.

Првиот човек Риина го убил со голи раце, во тепачка, во 1949 година. Својата криминална кариера ја заврши отслужувајќи повеќекратни доживотни затворски казни во затвори со максимална безбедност.

Неговата биографија е речиси типична за крајниот југ на Италија. Роден во сиромашно семејство, Тото Риина имал тешко детство. Татко му и постариот брат загинале во 1943 година обидувајќи се да деактивираат сојузничка бомба. Тогаш 13-годишниот Риина морал да се грижи за четирите помлади браќа и сестри и за мајка си.

Станал мафијашки убиец во служба на озлогласените „кумови“ Лучијано Леџи и Гаетано Бадаламенти, пред и самиот да се искачи до самиот врв на криминалната хиерархија во Коза Ностра на почетокот до 1980-те години.

Неговата бруталност и варварство, наводно, го поттикнале Томасо Бускети, најпознатиот мафијашки отпадник, на соработка со полицијата. Сведочењата на Бускети им помогнал на обвинителите Фалконе и Борселино да обезбедат осудителни пресуди за илјадници мафијаши, вклучително и за самиот Риина.

Спротивно од мафијашите од таканаречената „стара школа“, Риина не повлекувал граници кога станувало збор за насилството. На еден од поткажувачите во мафијата му рекол: „Мораме да ги убиеме, и сите нивни роднини до дваесеттото колено, почнувајќи од децата постари од шест години“.

Негова животна придружничка била Антоанета „Нинета“ Багарела, со којашто бил во врска од 1955 година. Имаат четири деца, од кои два сина продолжија по татковите стапки. Џовани Франческо отслужува доживотна казна поради убиство, а Џузепе Салваторе има отслужено осум години поради друг мафијашки криминал.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.