Најчести причини поради кои жената се одлучува за развод

Околностите под кои двајца влегуваат во брак, секако, можат да се променат со текот на времето, а жената набљудувајќи ги тие нови околности може да се одлучи дека бракот веќе не е вистинското нешто за неа. Понекогаш односот станува неподнослив или е невозможно да се издржи, а жената чуствува обврска да поднесе барање за развод. Понекогаш промените условуваат чувство на вина и таа се бори со амбивалетните чувства поради нарушениот среќен однос.

Страв

Можеби стравот од партнерот е една од најчестите причини која ја принудува жената да поднесе барање за развод. Ако партнерот физички или емоционално ја злоставува, или се бори со некој вид на завист, нормално е жената да мисли на сопствената добробит и да е свесна дека може да биде загрозена во негова близина. Дури и ако партнерот не е насилен, жената која во бракот се чуствува физички или психички болна или се плаши од замислената деструктивна иднина, веројатно ќе се одлучи за развод.

Некомпатибилност

Некомпатибилноста помеѓу партнерите може да допринесе до серија негативни емоции, почнувајќи од доготрајниот страв до едноставна досада. Неспоивоста ги зема двете главни форми.

Во едниот поради невклопувањето на личности се создаваат огромни разлики. Мажот, кој е куќен тип, на пример, може да биде фрустриран на инсистирањата на сопругата за излегувања надвор. Во меѓувреме жената бара партнер кој повеќе сака да излегува.

Во вториот случај, сопружниците се некомпатибилни бидејќи не можат да се договорат околу основните услови за нивната заедничка иднина. Некој од нив можеби сака деца, а другиот не.

Визија за задничката иднина

Нешто поапстрактна причина за жената да поднесе барање за развод е да ја предвидува светлата иднина за себе од сегашноста која моментално ја искусила со својот партнер. Ова би можела да биде нова ситуација во приватниот живот која ќе исклучи или ќе придвижи некоја нова. Можеби сака нова работа. Друг вид посветла иднина влучува нов партнер. Ова може да биде партнер кој таа го замислува, или можеби некој кој веќе го запознала и има намера да започне или пак веќе започнала нова љубовна врска.

Неверство на партнерот

Неверството често за жената претставува голем престап и причина таа повеќе да не го прифати партнерот како романтичен. Во оние држави каде разводот е решение по нечија вина, а еден од сопружниците е виновникот, тој ги сноси потешките последици. Неверството е еден од најпростите начини врз основа на кои може да се додели вината.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.