Најчевска: Полицијата прави злосторство во Куманово

Еден од најжестоките поддржувачи на СДСМ и критичар на владата професорката Мирјана Најчевска денеска објави шокантни тези за полициската акција во Куманово, објави „Република“.

Во моментот кога во јавноста кружат информации за тешко повредени полицајци а шпекулациите велат дека загинале тројца полицајци Најчевска ја обвини владата дека употребила непропорционална сила против терористите кои што таа не ги споменува.

„ … Еве вака сега да ви кажам, ова е злосторство против цивилно население. За ова се оди на суд и се добива доживотен затвор. Почнувајки од извршителите се до министерката, и до премиерот и секако претседателот на државата. Ма нормални ли сте во густо населено место да испукувате гранати и да пукате од хеликоптери. Доле живеат луѓе. Ова не е воена зона туку градска населба.Ова е исто како некоја банда да се сокрие во градски ѕид во Скопје и да дојдат воени хеликоптери да по зградите. Некој ептен се заборави и за тоа треба дебело да плати“, напиша таа на својот ФБ профил.

Според неа акцијата на полицијата  е злосторство против цивилно население. За акцијата во која со бомби автоматско оружје и снајпери се нападнати македонските специјалци таа бара судење и  доживотен затвор за министерката Јанкуловска, премиерот  Груевски и претседателот Иванов.
Иако јавноста веќе беше информирана дека куќите во кои биле сместени терористите од Косово и Јужна Србија се напуштени куќи, Најчевска бара да не се пукало со тешко оружје и употреба на хеликоптери. Најчевска бара некој да плати затоа што полицијата интервенирала во градска населба а не во воена зона.

mnajcevskaaa