Македонија

Најчевска повторно со навреди и говор на омраза

Најчевска повторно со навреди и говор на омраза

Поранешната раководителка на Хелсиншкиот комитет, Мирјана Најчевска, се стави во одбрана на заменик-претседателот на СДСМ, Радмила Шекеринска, по нејзиното барање за апанажа од Парламентот, кој опозицијата не го признава.

Со говор на омраза, оправдувајќи ја постапката на Шеќеринска, таа на својот Фејсбук профил прашува зошто Шекеринска би требало да се откаже од нешто што законски и следело.

„Неколку вмр-овци ми спомнаа и мене дека сум примала плата од државата, а сум ја критикувала. Кутрите овци од вмр, не разбрале дека јас сум платена да критикувам, да анализирам, да спорам, да прашувам“, пишува Најчевска.