Најчевска се огласи: Народот бил „глуп како цепаница“, а спомениците ќе ги урива со булдожер

Еден од мегафоните на соросовата фондација во земјава и поранешен претседател на Хелсиншкиот комитет, Мирјана Најчевска, најавува дека со булдожери ќе ги рушела спомениците на народните херои и ќе го заземела Собранието на Република Македонија, пишува порталот „Курир“.

Самопрогласениот борец за демократија и човекови права која смета дека македонскиот народ е глупав, во пост на својот Фејсбук профил вели дека ќе учествувала на сите протести организирани од опозицијата во периодот што следи, како протестот кој за утре од страна на опозициски структури е најавен против законот за давачки, протест на 1-ви мај за работничките права, протестите кои во јавноста ги најавува СДСМ, како и дека ќе излезела да гласа на референдумот за ГТЦ.

-Следен пат кога ќе излезам на протест ќе биде или заедно со булдожери кои ќе ги рушат спомениците од Скопје 2014 или на протести кои ќе завршат со заземање на Собранието на Република Македонија, пишува Најчевска.

najce

Говорот на омраз и навредите кон македонскиот народо постојано се дел од вокабуларот на соросовиот експонент.

Најчевска неодамна коментирајќи го поставувањето на новите споменици во главниот град со споделувањето на информацијата преку порталот Народен глас, уште еден од низата сајтови финансирани од Фондацијата Сорос на Владимир Милчин, напиша  дека “овој народ е едноставно глуп, како цепаница, неделкана“.

– Срамно и ненормално и пред се жално. Жално затоа што зборува за исклучително ниското ниво на култура на овој народ, зборува за нивото на интелегенција и зборува за нивото на знаење. Не, не е шутрачки овој народ. Не е ни уплашен.  Вистината е многу поедноставна.  Овој народ е едноставно глуп. Како цепаница. Неделкана, напиша Најчевска.