Најчитани книги во Македонија за 2014

Најголемата електронска книжарница во Македонија, КупиКнига.мк ја објави листата на топ 20 најпродавани книги во 2014 година. Светскиот бестселер „Светот не е фабрика за исполнување желби“ (en.The fault in our stars) кој доби и светска премиера на филм, заслужено се најде на првото место.

Како и минатата година, така и оваа, книгите на Коста Петров ги заземаат повисоките места на листата најпродавани книги по пат на електронска трговија. Само 3 македонски автори се најдоа на оваа листа меѓу кои и Марија Јаневска и Венко Андоновски.

Жанровски најкупувани се книгите кои припаѓаат на категориите: белетристика, љубовни, бизнис прирачници и трилери.

Во прилог е целосната листа на топ 20 најпродавани книги:

1. Светот не е фабрика за исполнување желби –Џон Грин
2. Се гледаме на врвот – Коста Петров
3. Тајната на сопругот – Лиен Мориарти
4. Нашето последно кафе – Коста Петров
5. Јас и ти – Кристан Хигинс
6. Последната пролет во Париз – Јелена Бачиќ Алимпиќ
7. Рингишпил – Јелена Бачиќ Алимпиќ
8. На една свадба – Џули Џејмс
9. Во врска со онаа ноќ – Џули Џејмс
10. Дете 44 – Том Роб Смит
11. Само пријатели – Колин Хувер
12. Белешките на Лајла Грејс – Марија Јаневска
13. Ќерката на математичарот – Венко Андоновски
14. Во одбрана на Џејкоб – Вилијам Лендеј
15. Ангелски повик – Гијом Мисо
16. Како да ги унапредите своите преговарачки вештини – Д. Р. Гилберт
17. Прељуба – Пауло Коелјо
18. Сосед од пеколот – Р.Л. Метјусон
19. Дигитална тврдина – Ден Браун
20. Пакет: На една свадба + Во врска со онаа ноќ – Џули Џејмс

За КупиКнига.мк

КупиКнига.мк е првиот македонски портал за електронска трговија со книги кој всушност претставува агрегатор на понудата од скоро сите издавачки куќи во Македонија и регионот.

Моменталната понуда брои над 40.000 изданија на македонски, српски, англиски и албански
јазик распределени во 136 категории и подкатегории. Позади КупиКнига.мк стои iVote,
водечка компанија специјализирана за технологии за модернизација на изборни процеси,
системи за електронска трговија и електронско учење.

iVote Demokra е платформа за управување со изборни процеси, изработена според најсовремени технологиии. Обезбедува високо ниво на безбедност и транспарентност во информацискиот менаџмент.

До денес, повеќе од 116 милиони гласачи ширум светот и веруваат на Demokra технологијата.