Секс

Најчудните секс фантазии

Најчудните секс фантазии

Студијата која е објавена во „Journal of Sexual Medicine“, е резултат на истражување спроведено на Универзитетите во Квебек и Монтреал открило дека мажите и жените поеднакво често мечтаат за сексуална доминација и потчинетост, но и дека постојат разлики меѓу поимот фантазија кај женскиот и машкиот пол.

Истражувањата покажале дека се на се неколку сексуални фантазии всушност се сметаат за ретки и чудни, земајќи го фактот дека мажите и жените изразиле широк спектар на свои сексуални фантазии.

Научниците испитаниците ги пронаоѓале преку оглас на јавни места, правејќи им интервјуа во локалните радио-станици, локалните дневни весници и магазини, преку Фејсбук и на универзитетските мејлинг листи.

Од 1.516 учесници, 799 или околу 52,7 отсто биле жени, што е и приближно ист машко-женски сооднос во Квебек. Голем број од учесниците или 85,1 отсто се декалирале како хетеросексуалци, 3,6 отсто како хомосексуалци, а додека останатите се претставиле како бисексуалци.

Тимот на научници на сите испитаници им ја претставиле модификуваната верзија на прашалник за сексуални фантазии. На тестот се нашле 55 ставки, кои испитаниците требале да ги вреднуваат во зависност од степенот на заинтересираност, 1- воопшто не заинтересиран до 7 многу ги интересира.

Сексуалните фантазии се категоризирани како ретки, со помалку од 2,3 отсто од испитаниците, необично помалку 15,9 отсто, вообичаени со повеќе од 50 отсто и типични за 84,1 отсто.

Во категоријата на ретки фантазии најчесто се наоѓа секс со дете помладо од 12 години и секс со животни. Ова не се само ретки фантазии туку и веќе ја преминуваат границата на здравиот разум.

Во невообичаени фантазии кај жените се уринирање по партнерот, уринирање по нив, облекување на мажот во жена и обратно, присилување на секс, злоставување на лице во алкохолизирана состојба, секс со проститутка и секс со жена со мали гради.

За мажите, необичните сексуални фантзаии се уринирање по партнерката и обратно, како и секс со двајца или повеќе мажи.