Најчудни работи на кои „паѓаат“ мажите

Во реалноста, мажите ги привлекуваат некои работи кај жените кои се далеку од она за што тие тежнеат.

1. Кога не е средена

Секој маж сака крај себе да има жена која се труди околу својот изглед, сака да ја гледа додека си ја мести облеката, шминката, косата… Меѓутиа, многу мажи сметаат дека таа изгледа секси кога не е средена, во опуштено издание, бидејќи на тој начин најдобро ја запознава.

2. Стрии

Не постои жена која ги сака своите стрии, но затоа постојат и оние мажи кои станале татковци и сакаат да го видат на својата жена тој „мал“ потсетник. Верувале или не, но тие тоа вистински го ценат.

3. Очила

Голем дел од жените копнеат очилата да ги заменат со леки, но мажите неверојатно се „палат“ на очила. Некои дури и признале дека жената со очила ги потсетува на некоја сексуална фантазија, додека други сметаат дека носењето на очила на жената и дава доза на невиност и неодоливост.

Par-devojka-decako-livada-ljubav

4. Кога се шминка

Некои мажи едноставно обужуваат да ја гледаат партнерката додека се шминка. Фасцинирани се од прецизноста и увежбаноста на движењата, како и фактот дека сеоја девојка има свој стил на носење на шминката.

5. Миење на коса

Додека на многу жени тешко им паѓа миењето на коса и се што доаѓа со тоа, мажите користат прилика да уживаат во својата девојка и нејзината мокра коса. Додека и ако таа е скриена под пешкир.

Voda3

6. Кога вежба

Не е тајна дека мажите сакаат кога нивните жени вежбаат, но уште повеќе ги сакаат кога се испотени и уморни. Додека девојките по тренингот брзаат да се истушираат, машкиот пол ужива во моментот да го гледа испотеното тело.

7. Во неговата маица

Многу мажи сметаат дека жената е најсекси во нивната маица или кошула.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.