Најдебелата жена на светот ја напушти болницата 300 кгр полесна

Египќанката Иман Ахмед Абдулати, 36-годишна, за која се веруваше дека е најдебелата личност на планетата со нејзините околу 500 килограми, во четвртокот ја напуштила болницата во Индија каде што врз неа беше изведена хируршка интервенција, со повеќе од 300 килограми полесна и ќе оди на натамошен третман во Абу Даби.

Според докторите, Иман Ахмед пред операцијата којашто беше изведена во март во болницата „Сајфи“ во идниската метропола Мумбаи, била тешка повеќе од половина тон. Таа последните 25 години не била подвижна.

Со сериите операции и специјален начин на исхрана ја спуштила тежината на под 200 килограми, изјави нејзиниот лекар Муфазал Лакдавала, додавајќи дека ќе бидат потребни уште операции за таа да може да оди. Лаквадала напиша во средата дека ѝ ветил на Иман „поздрав живот и губење на килограмите“. „Нејзината структура на коските уште е кревка. Ќе бидат потребни уште операции за да зајакнат нејзините колкови и колена“, напиша Лаквадала.

Индиските медиуми пишуваат дека семејството на Египќанката не било задоволно со третманот во Мумбаи и дека дошло до разлики во стевовите меѓу нив и персоналот.

Кон средината на март беше обајвено дека Абдулати по пет седмици од третманот во Индија ослабела за 140 килограми. Претходно беше објавено дека на 7-ми март Иман беше подложена на операција, со којашто обемот на нејзиниот желудник беше намален за 15 отсто од неговата претходна големина. Лекарите, исто така, отстраниле и голем дел од масното ткиво и ја намалуваат нејзината потреба од храна.

Иман сега е ставена на специјален режим на исхрана: на секои два часа ја хранат преку специјална туба со протеински коктел со ниски вредности на соли, мешани со млеко од соја. Дневно на Египќанката ѝ се потребни 1.800 калории. Хранењето прек тубата е неопходно, поради тоа што по доживеаниот мозочен удар жената тешко голта.

За трагичната судбина на 36-годишната Египќанка, жителка на градот Александрија, првпат извести во октомври минатата 2016 година телевизијата Al Arabiya. Според докторите таа патела од ткн „слоновска болест“ или елефантиазис и заменски жлезди. Жената во раните години доживеала мозочен удар и останала прикована за постелата.

Кон крајот на минатата година нејзиниот случај го привлекло вниманието на индискиот лекар Муфазал Лакдавала, кој е специјализиран за баријатриска и лапароскопска хирургија, и се понудил да ѝ помогне на Иман. Побарал од индиското министерство за надворешни работи да помогне во подготовката на документацијата за жената, бидејќи таа имајќи ја предвид состојбата не можела да се јави лично во конзулатот на Индија во Александрија. Но со интервенцијата на шефот на дипломатијата Египќанката добила уредна индиска виза. Лакдавала очекува дека трошоците за лекувањето на несреќната жена ќе бидат покриени со доброволни прилози, за што тој поведе иницијатива на сајтот change.org.

.Иман беше донесена во Индија со специјален карго лет на 11-ти февруари. Египетската воздухопловна компанија „EgyptAir“ успешно ја транспортираше на лекување од Египет во Индија. Летот беше изведен од египетскиот пристанишен град Александрија до индиската метропола Мумбаи со товарен авион од типот „Airbus 300-600“ специјално модифициран и опремен, бидејќи обичен патнички авион не доаѓал предвид, поради тоа што морале да бидат обезбедени и специјални медицински услови. Лекарите и персоналот извеле единствена операција на транспортирање на патник на лекување.

Жената тешка половина тон од домот до аеродромот била превезена со товарно возило со високи страни за специјалната болничка постела. Во авионот била подигната со товарен лифт, а во кабината на леталото, креветот била зацврстен за подот. Кабината на авионот претходно била опремена со специјална медицинска опрема, бидејќи за пациентката во тешка состојба била неопходна интензивна терапија. Жената во текот на летот била придружувана од нејзината сестра и медицински тим, составен од лекари и техничари.

Во соопштението на „EgyptAir“ се истакнуваше дека ова е уникатна операција изведена во историјата на воздухопловството. Неколку часа подоцна индискиот весник Hindustan Times објави дека оваа Иман Ахмад Абдулати, е примена во болницата „Сајфи“ во Мумбаи.