вторник, 28 март 2017  |  Вести денес: 0

Најден првиот научен доказ дека Зика вирусот предизвикува микроцефалија

Првиот директен доказ за поврзаноста на Зика вирусот со појавата на микроцефалија кај новороденчињата е откриен од страна на кинески научници. Микроцефалијата е состојба што резултира со абнормален развој на мозокот и черепот, пишува „Раша тудеј“ .

zika-mikrocefalija

Поврзани вести

Првиот директен доказ за поврзаноста на Зика вирусот со појавата на микроцефалија кај новороденчињата е откриен од страна на кинески научници. Микроцефалијата е состојба што резултира со абнормален развој на мозокот и черепот, пишува „Раша тудеј“ .

Долго време постоеја сомневања за поврзаноста на микроцефалијата со вирусот Зика, особено по зголемениот број на новороденчиња со микроцефалија во Бразил и во други делови од светот, каде мајките на бебињата биле инфицирани со вирусот Зика.

Сега научниците од Институтот за Генетска и развојна билогија од Кинеската Академија на науките и Институтот за микробиологија и епидемиологија под Академијата за воени медицински науки велат дека нашле директна поврзаност.

Ова било откриено преку проучување на ефектот на вирусот кај мозокот на фетус од глувци, откако претходно бил земен примерок од пациент од Кина.

Џи Жиженг од Академијата на науки вели дека вирусот се чувствувал „како дома“, брзо почнал да се шири и да ги инфицира нервните клетки. Ова довело до абнормален развој на клетките, а потоа и до смрт на нервниот систем.

Најчитани вести