Најден уште еден камион со експлозиви надвор од Ница

Полициски тим за справување со експлозиви е повикан за да провери камион паркиран надвор од Ница. Како што јавуваат француските медиуми во камионот имало и сомнителен пакет.

Камионот марка „Волво“ е паркиран на Рут де Турин, веднаш зад Ница, според весникот „Матен“. Две згради биле веднаш евакуирани.

Во градот е прогласена тревога по синоќешниот напад во кој загинаа најмалку 84 лица.