Најдена голема количина оружје кај радовишанец

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Ж.К.(50) од с. Подареш, општина Радовиш поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки матери“. Пријавениот неовластено во својот дом држел поголема количина огнено оружје – бојна пушка,  два револвера, пиштол, две рачни бомби, голема количина на разновидни куршуми и две воздушни пушки.