Најдена нафта во Македонија

Наскоро Македонија ќе стане земја која ќе се вброи помеѓу земјите коишто се најголеми извозници на нафта во светот.

Откако претходно беше објавено во светските економски списанија дека во Македонија се најдени два рудници на злато, денеска се појави информација дека во државава се најдени големи количества нафта.

Наоѓалиштето на нафта се наоѓа во јужниот дел на Македонија, во непосредна близина на рудникот Алшар, за кого претходно канадските научници потврдија дека располага со големи количества на златна руда.

Засега информациите не ги потврдува никој, нормално, затоа што тоа не е вистина, туку една првоаприлска шега, со која редакцијата на Нетпрес го одбележува денот на шегата, 1-ви април.

Априлилилииии!