Најдени изгубените смс пораки на службеници на FBI

Внатрешната контрола во американското министерство за правда објави во четвртокот дека ги наша смс пораките кои ги разменувале двајца функционери на Федералното биро за истраги (FBI) коишто републиканците ги обвинуваат дека не биле наклонети на претседателот Доналд Трамп.

Во писмото до неколкумина клучни републикански конгресмени главниот инспектор Мајкл Хоровиц рекол дека нема ништо против доколку министерството за правда ги сподели со комитетите на Конгресот пораките меѓу агентите на FBI, Петер Стрзок и правничката во Бирото, Лиза Пејџ, пронајдени со форензички средства.

Во документите претходно дадени на Конгресот, Стрзок и Пејџ го нарекуваат претседателот Доналд Пејџ „идиот“ и „одвратен човек“.

Откако за овие пораки почнаа да пишуваат медиумите, републиканските пратеници бараа да ги видат поради сомнежите дека службениците се пристрасни во однос кон шефот на државата.

Двајцата шефови на оддели во FBI работеа во истрагата на Бирото за користењето на приватниот сервер и приватната електронска адреса на поранешната државна секретарка демократката Хилари Клинтон што е спротивно во законот, а кусо биле ангажирани и на истрагата на специјалниот обвинител Роберт Мјуер за тоа дали кампањата на ланскиот републикански противкандидат на Кинтон, актуелниот претседател Доналд Трамп, била во договор со Русија во 2016 година.

Според функционер на министерството за правда, губењето на текстуалните пораки се случило во периодот меѓу 14-ти декември 2016 и 17-ти мај 2017 година поради технички проблем, но републиканците тврдат винитевинитедека овој период е сомнителен особено затоа што на 17-ти мај заменикот на главниот државен обвинител Род Розенстејн го именуваше Мјулер за специјален обвинител.

Текстуалните пораки на службениците на FBI се во фокусот на републиканската конгресна истрага за тоа дали Бирото било пристрасно против Трамп и одело во полза на Клинтон во истрагата околу нејзината службена електронска пошта од приватната адреса.