Најдени остатоци од паднатиот авион на „Иџипт Ер“

Грчки воен брод кој е во потрага по остатоци од авионот на Иџипт Ер што исчезна над водите на Средоземното Море, наводно нашол два објекти што пловат во близина на местото каде авионот исчезна од радарот, пренесува „Раша Тудеј“.

Станува збор за два пластични објекти во црвена и бела боја. Истите се забележани на околу 370 километри јужно од грчкиот остров Крит, во близина на местото од каде претходно транспондерот на авионот праќал сигнал.

Најдени се предмети југоисточно од Крит во информацискиот регион за летови на Каиро, соопшти портпаролот на генералштабот на грчката армија Василис Белетсиотис за АФП.

Летот 804 на Иџиптер исчезна рано утрово на пат од Париз до Каиро со 56 патници и 10 членови на екипажот. Ав ионот од типоте Ербас А320 исчезна додека летал од грчката контролоа на летови во Египетскиот информациски регион за летови.

Во моментов Египет, Франција и Грција испрати воени авиони и бродови во спасувачка операција во областа.

Според истрагата, сеуште неможе да се говори за причините за несреќата, но недостатокот на предупредувачки повик од авионот укажува на можен бомбашки напад или за поголем технички проблем што го уништил леталото за само неколку секунди.