Најдените делови од авион најверојатно се од исчезнатиот „Боинг 777“

Најдените делови од авион најверојатно се од исчезнатиот „Боинг 777“
Најдените делови од авион најверојатно се од исчезнатиот „Боинг 777“

Постои огромна веројатност пронајдените делови од авион на францускиот остров Реунион во Индискиот океан да му припаѓаат на исчезнатиот малезиски „Боинг 777“, вели директорот на австралиското Биро за безбедност во авионскиот сообраќај, Мартин Долан за Би-Би-Си.

Деловите сега се испитуваат, но најверојатно станува збор за малезискиот авион, затоа што нема регистрано друг случај на исчезнување на „Боинг“ од овој тип, изјави Долан, кој раководеше со австралискиот тим на експерти што трагаа по леталото.

Авионот „Боинг 777“ на „Малезија Ерлајнс“ исчезна на 8. март минатата година набрзо по полетувњето заедно со 329 патници и членови на екипажот.

Исчезнатиот авион леташе на својата редовна линија од Куала Лумпур за Пекинг.

Делови од авион беа откриени во реонот на западниот Индиски Океан, 4.000 километри подалеку од областа каде што се претпоставуваше дека се урнал авионот.

Остатоците од авионското крило се префрлени детално испитување во Тулуз во Франција, со цел да се утврди дали тие се од „Боингот“ на „Малезија Ерлајнс“.

Вчера испливале и други делови на авион, како и еден куфер, пренесуваат австралиските медиуми.

Авионот урнат намерно?

Појавувањето на деловите толку далеку од оновата траса по која авионот требало да лета од главниот малезиски град кон Пекинг, одново ги покрена прашањата за причините за падот на леталото. Дел од меѓународни експерти стравуваат оти можеби не станува збор за навигациска грешка или за технички проблеми со авионот, туку дека пилотите намерно го урнале авионот.

 

 

Експертите досега претпоставуваа дека авионот се урнал недалеку од австралискиот град Перт.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.