Најдено безживотно тело на тетовец

Безиживотно тело на 65-годишен тетовец вчера околу 15 часот  било пронајдено обесено на гранка од костеново дрво во месноста Селимово Брдо.

Телото било јадено покрај патеката што води од Расадиште кон Гајре на падините од Шар Планина, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски, пренесе МИА.

Според неговите податоци, телото било пронајдено од 38 годишен тетовец кој собирал старо железо во атарот на селото Расадиште и кој веднаш го пријавил случајот во полиција.

Откако полицијата пристигнала на местото го утврдила идентитетот на обесениот Б.К.(65) од Тетово кој пред три денови, во вторникот на 29-ти септември,  од најблиските бил пријавен како исчезнат. При увидот во кој  учествувале јавен обвинител, екипа од СВР Тетово и  лекар по судска медицина не се констатирани траги на насилство, а безживотното тело на 65-годишниот тетовец било предадено на семејството.

Според полициските информации годинава на поширокото тетовско подрачје случени се три самоубиства од кои две со бесење и еден случај  со употреба на огнено оружје.

Покрај тоа регистрирани се и 17 обиди за самоубиство, најмногу труења, со таблети и различни токсични течности  пред се со средства за хигиена.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.