Најдобар начин за доживување оргазам е …

Кога се зборува за оргазмите, секогаш се истакнува дека најдобриот начин за доживување оргазми е само сексот. Меѓутоа, се покажало дека некогаш токму предиграта е позаслужна за оргазам отколку самиот секс.
Еве зошто предиграта е подобра од сексот:

Можете да правите повеќе работи истовремено

Повеќе зони на телото можат да предизвикаат задоволство. Двојните сензации ја зголемуваат шансата за оргазам.
Ја разбирате радоста на давањетоДодека сексот е задоволство за двете личности, кај предиграта постои безусловно давање. Фокусот е на тоа да се задоволи партнерот.

Големината не значи ништо

Во предиграта се` им е препуштено на прстите, што значи дека големината на половиот орган не игра никаква улога.

Поинтимна е

Го допирате партнерот по целото тело додека се гледате, па со самото тоа предиграта е многу поинтимна од сексот.

Учите нешто ново за телото на партнерот

Со бакнувањето и допирањето го истражувате телото на партнерот и така дознавате што му се допаѓа, а што не. Експериментирањето е многу важно, така го подобрувате вашиот сексуален живот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.