Најдобрата наставничка од Македонија номинирана за награда од милион долари

Весела Богдановиќ е учителка во основното училиште Кочо Рацин во селото Ивањевци. Училницата е претворена во шарена бајка од приказните за деца – пишува share.america.gov.

Во училницата на оваа учителка, учениците понекогаш се облечени како ликови од стриповите, додека учејќи математика се обидуваат да го најдат патот до скриеното езеро. Низ различни методи кои ја прават нејзината работа магична, таа им го доближува знаењето на децата. Колку што зборува толку сака и да слуша, а методите на подучување ги гради слушајќи ги и предлозите на децата. Ги учи на почит кон другите, ги поврзува со нивните врсници од градовите со кои комуницираат преку Скајп.

VesePhotoMontage

Весела е една од 50-те учители во светот номинирани за наградата „Global Teacher Prize“ која изнесува милион долари. Кон средината на овој месец ќе бидат објавени десетте претенденти на наградата кои влегле во потесен круг. Тие десетмина ќе патуваат на 16 март во Дубаи, каде ќе биде соопштен добитникот на оваа награда која ја нарекуваат и Нобелова награда за подучување. наградата ја доделува фондацијата „Varkey“ и секоја година се доделува на „супер – специјален“ наставник кој е иновативен, инспиративен, и на посебен начин им влева на своите ученици љубов кон учењето.

Целиот објавен текст можете да го прочитате тука