сабота, 22 јули 2017  |  Вести денес: 56

Најдобрата шминка за летниот период

Во летниот период шминката може да биде вистински предизвик. Топлото време во никој случај не ви е сојузник кога станува збор за шминката и производите за разубавување. Еве неколку работи за кои треба да водите сметка кога купувате шминка...

sminka-leto

Поврзани вести

Во летниот период шминката може да биде вистински предизвик. Топлото време во никој случај не ви е сојузник кога станува збор за шминката и производите за разубавување. Еве неколку работи за кои треба да водите сметка кога купувате шминка…

Најдобри се минералните пудри

За летно шминкање идеални се минералните пудри со мат изглед . Исто така, добар избор е и тонираната крема со заштитен фактор, која ја штити кожата од сонцето, ги покрива сите неправилности и обезбедува природен изглед на кожата.

Кремасти сенки и моливчиња за очи

Во топлите летни денови користете кремасти сенки. Бојата на песок, праска и розевата се одличен избор за преку ден. Добро е да користите разнобојн и моливчиња за очи, а можете и ајлајнери во боја што не се топат. Маскарата треба да биде воотпорна и нанесете ја во мали количини. Идеална е затоа што неможе да се размачка порадо потта и водата.

Бронзер за образите

Најдобар избор за летните денови е бронзерот. Нанесете го под коската, затоа што на тој начин образите стануваат поизразени. Во зависност од бојата на кожата можете да користите и руменило.

Сјај за усни

Во текот на летниот период најдобро е да користите сјај во бојата на усните или балзам со заштитен фактор. Доколку сепак не сакате да ги нагласите усните, направете го следното: нанесете на усните хидратантен балзам, па исцртајте ги усните со моливче во бојата на ружот или пак во бојата на усните. Потоа со четкичка нанесете руж за усни. Со тенок слој на хартиено шамиче соберете го вишокот  боја, па нанесете уште еден слој руж.

Најчитани вести