Најдобри книжевни наслови за дождливите денови

Нема поубав начин да ги пребродите тмурните есенски денови од топло ќебе, омилениот напиток и добра книга. Еве неколку предлози кои ќе направат дождливите денови да поминат побрзо.

„Каја, Белград и добриот Американец“ од Мирјана Ѓурѓевиќ

Вратете се во предвоениот Белград, низ кој во овој роман ќе ве спроведе една девојка, американски господин и белградска писателка и професорка по мечување. Потсетете се на космополитскиот дух на стар Белград, но навлезете и во неговите чаршиски навики. Додека во Европа во пораст е нацизмот, во Белград се градат два храма – будистички и калмички. Следете ја Мица Ѓурѓевиќ и нејзините „компањони“ во секојдневните авантури и со гаранција ќе се расположите и ќе заборавите на дождот.

„Дами и господа“ од Тери Прачет

Одберете ја оваа или било која друга книга на Прачет, доколку ви е неопходна комедија за да го преживеете напорниот ден. Романот „Дами и господа“ е еден во низата романи од серијалот за вештерките. Уживајте во хуморот на Прачет и нема да го забележите дождливиот ден.

„Милениум“ од Стиг Лашон

Оваа трилогија на шведскиот автор доживеа толкава популарност, па неодамна е објавен и четвртиот дел напишан од страна на Давид Лагеркранц. Доколку не сте ја прочитале трилогијата, сега е вистинското време. Милениум е трилер кој не се испушта од рака.

„Бог на малите нешта“ од Арундати Рој

Овој роман на индиската авторка е награден со Букерова награда и речиси нема држава каде не е бестселер. Приказната ја чинат два наративи, еден во 1969, а вториот во 1993 година. Главните актери се близнаци, брат и сестра, Еста и Рахел. Еден наратив го следи нивното детство, кога тие имаат по седум години и многу малку знаат за светот и начинот на кој функционира, а вториот нивната зрела доба и повторна средба по повеќе од дваесет години. Овој роман обработува многу важни теми: семејната љубов, детската невиност и културолошките одлики на Индија. Запловете во магискиот реализам на индиската авторка, на моменти духовит, на моменти исклучително тажен, запознајте се со индиската култура и уживајте во оваа незаборавна приказна за човечките животи.

„Крадливка на книги“ од Маркус Зузак

Приказната за Лизел, ја проповеда смртта лично. Нејзините родители се одведени во логор, а братот предвремено и умира. На неговиот гроб, Лизел пронаоѓа книга и ја зема – тоа е книгата од која ќе научи на чита и која ќе и го промени животот. Додека со Германија владеат нацисти, во куќата на деветгодишната  Лизел и нејзините старатели кријат две стрикно забранети работи: млада Еврејка и украдени книги. Ова е потполно различна приказна за Холокаустот, испроповедана од перспектива на смртта и видена во очите на едно дете. Немојте да ја пропуштите.

„Ема“ од Александар Мекол Смит

Прва асоцијација на дожд на многумина може да им биде Англија, а со неа и англиската класична книжевност. Романот „Ема“ е еден во низата романи кои го чинат проектот „Остин“, во кој шест современи автори, даваат своја интерпретација на прочуените романи на оваа авторка. Запознајте ја модерната Ема, девојка која мисли дека знае се, како и нејзиниот пријател Џорџ. Оживејте ги своите омилени ликови во потполно ново светло…