Најдобри оброци по напорниот тренинг

Разликата помеѓу просечниот и напредниот вежбач често може да се објасни со начинот на исхрана.

Напредниот вежбач добро знае колку е важен изборот на храната која се конзумира по тренингот, но повеќето луѓе и понатаму на тоа не му придаваат големо значење.

Сепак, ако сакате најдобри резултати, треба да се држите до одредени намирници по вежбањето.

Цвекло

cveklo-456x312

Цвеклото го има црвениот пигмент бетацијанин, кој е одличен антиоксиданс, помага при преносот на кислородот во мускулите и ги ублажува грчевите. Корисен е во секој случај, без разлика на каковначин е приготвен.

Јајца

jajca_copy2

Јајцата се богати со протеини, па се сметаат за еден од најдобрите оброци по тренинг. Протеините од белката помага во подобрувањето на мускулите, а жолчката ви ја дава неопходната енергија.

Грчки јогурт

jogurt

Во нешто помалку од два децилитри грчки јогурт има 14 грама протеини и само 100 калории.

Со свежо овошје е еден од идеалните оброци по вежбање.

Лубеница

lubenica 2_500

Во топлите денови голем број граѓани уживаат во вкусот на лубеницата која го рехидрира телото и му ги дава потребните нутриенти. 92 отсто од лубеницата е вода е и едно од најнискокалоричните овошја.

Мисирка

misirka

Мисирката е одличен извор на протеини кои по тренингот му се потребни на вашето тело за закрепнување. Количината на потребни протеини варира кај секоја личност различно, но во деновите во кои правите кардио вежби, како што е трчањето, потребни ви се околу 1.2 до 1.4 грама протеини по килограм телесна тежина, додека во деновите кога правите други вежби потребно е од 1.6 до 1.7 грама по килограм телесна тежина.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.