„Најдобриот готвач во светот“ е најден мртов

Готвачот Бенои Виолер, чиј ресторан во Швајцарија во декември беше прогласен за најдобар во светот, е најден мртов во неговиот дом, пишува Би Би Си.

Тој управуваше со ресторанот во близина на Лозана кој добил три ѕвезди на „Мишлен“, а според наводите на полицијата 44-годишниот Виолер најверојатно се самоубил.

Швајцарските медиуми пренесуваат дека Виолер требало денес во Париз да го поромовира новиот водич на Мишлен.

Инаку, како што наведува Би Би Си, готвачот умрел шест месеци по смртта на Филип Рочат кој му бил ментор и претходник во ресторанот.

Виолер во ресторанот работел од 1996-тата година, а во 2012-тата го откупил заедно со неговата сопруга.