Најдобриот телефон со најдобра цена iPhone 6 во ОНЕ веќе од 9.990 денари

Од денес, телекомуникацискиот оператор ОНЕ го нуди iPhone 6, најдобриот телефон со најдобра цена.
iPhone 6 е достапен со специјалните тарифни модели iPhone ONE L, iPhone ONE M и iPhone ONE S за сите нови постпејд, приватни и бизнис корисници, но и постоечки корисници кои ќе направат обнова на договорот на нови 24 месеци.

iPhone 6, 16 GB е достапен во три бои GOLD,SPACE GRAY I SILVER по цена од 9.990 денари со тарифниот модел iPhone ONE L кој за 3.199 денари/месечно нуди, неограничени разговори кон цела ОНЕ мрежа, бесплатни разговори кон останатите национални мрежи, 20 GВ вклучен интернет и 200 минути за меѓународни разговори и дојдовен роаминг

iPhone 6, 16GB е достапен по цена од 19.990 денари со тарифниoт модел iPhone ONE M за 1.599 денари/месечнa претплата и по цена од 23.990 денари во тарифниот модел iPhone ONE S за 799 денари/месечна претплата со кои корисниците добиваат: вклучени неограничени минути за разговори кон цела ОНЕ мрежа, разговори кон другите национални мрежи и до 10 GВ вклучен бесплатен сообраќај за мобилен интернет.

iPhone 6 е достапен и со останатите промотивни и редовни тарифни модели на ОНЕ, a ОНЕ го нуди и моделот iPhone 6 Plus по цена од 15.990 денари во iPhone ONE L.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.