Магазин

Најдобрите 100 божикни филмови во едно видео

Најдобрите 100 божикни филмови во едно видео

Божик, тоа е време на празнична магија, на волшебни приказни, на среќа во семејството, на долги ноќи и прекрасни филмови.

Како што секоја Нова Година по кој знае кој пат ја гледате урнебесната комедија „Сам дома“, така за божикните празници уживаме во роматични комедии и детските лудории.

Според многумина, ова се најубавите, најромантичните, најсмешните и најволшебните филмови со празнична приказна.

Безвременски класици или новите, анимирани филмови…Божик е непресушна инспирација!

The Muppet Christmas Carol

47219

Сигурно сте гледале и други екранизации на прекрасната новела A Christmas Carol (Божиќна песна) на Чарлс Дикенс (Charles Dickens). Историјата на малиот Тими и скржавецот Скруџ сепак стекнува особен шарм, кога е раскажана од омилените на сите нас мапети.

The Nightmare Before Christmas

47220

Една малку морничава новогодишна бајка – stop motion анимацијата The Nightmare Before Christmas (Кошмар пред Божиќ), исто така има заслужено место меѓу филмовите кои можеме да ги гледаме секој Божиќ. Филмот, чиј продуцент е Тим Бартон (Tim Burton), е во режија на Хенри Селик (Henry Selick) и е номинирана за “Оскар” за најдобри визуелни ефекти.

A Christmas Story

47221

A Christmas Story е забавна божиќна комедија со Мелинда Дилан (Melinda Dillon) и Питер Билингс (Peter Billingsley). Режисер на филмот е Боб Кларк (Bob Clark), а Џеф Гилен (Jeff Gillen) е во улога на Дедо Мраз.

Miracle on 34th Street

47222

Неоспорна филмска класика и омилен филм на неколку генерации, Miracle on 34th Street (Чудо на 34-та улица) издаден во далечната 1947 година и е одличен со три награди “Оскар”. Главната улога е доверена на Натали Вуд (Natalie Wood).

Love Actually

47223

Британската романтична комедија Love Actually (Навистина љубов) е еден од најпознатите забавни божиќни филмови на последната деценија. Филмот е номиниран за две награди “Златен глобус”, а главните улоги се доверени на Хју Грант (Hugh Grant), Бил Неј (Bill Nighy), Колин Фирт (Colin Firth), Ема Томпсон (Emma Thompson), Лиам Нисон (Liam Neeson ), Кира Најтли (Keira Knightley) и Ален Рикман (Alan Rickman).

Elf

47225

Уште една божиќна комедија, овој пат со Вил Фарел (Will Ferrel) во главната улога. Elf е абавната историја на одгледан од џуџињата на Дедо Мраз човек кој е испратен во Америка, за да го открие неговиот вистински идентитет.

The Polar Express

47226

The Polar Express (Поларен Експрес) е анимиран филм базиран на истоимениот роман на Крис Ван Алсбург (Chris Van Allsburg). Режисер на номинираниот за три награди “Оскар” филм е Роберт Земекис (Robert Zemeckis).

The Santa Clause

47227

The Santa Clause  е божиќна комедија со неколку продолженија, чиј прв дел е издаден во 1994 година. Главната улога е доверена на Тим Ален (Tim Allen), кој од сосема обичен човек ќе се претвори во Дедо Мраз.

Но, ова се само мал дел од многуте, а еве ги, спакувани во едно видео, најдобрите 100.

 

Кој е Вашиот омилен филм?