Македонија

Најдобрите средношколци и основци на 26. Државен натпревар по информатика

Најдобрите средношколци и основци на 26. Државен натпревар по информатика

Во организација на Здружението на информатичарите на Македонија (ЗИМ), и Агенцијата за млади и спорт на РМ (АМС), утре во просториите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) во Скопје ќе се одржи 26. Државен натпревар по информатика за учениците од средните и основните училишта во Македонија.

Настанот ќе го отворат претседателот на ЗИМ Миле Јованов и директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески.

На натпреварот, кој е дел од Проектот „Најдобар млад програмер“, ќе учествуваат најдобрите 95 ученици од основното и средното образование, избрани од учесниците на одржаниот регионален натпревар, пренесува МИА.

Свеченото отворање на настанот ќе се одржи во амфитеатарот на Технолошко – металуршкиот факултет, со почеток од 10 часот.

Програмата на Државниот натпревар по информатика 2015  е објавена на веб страната на ЗИМ (http://www.zim.mk/index.php/natprevari/srednoobrazovanie/drzavennatprevar/2-razno/228).