Најдобрите ученици и децата на бранителите од Прилеп во посета на Италија

Градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески им посака пријатен престој во Р.Италија на децата од Детската Амбасада за Сите Деца во Светот кои оваа посета ќе ја реализираат како дел од активностите предвидени во проектот „Градиме мостови на пријателство“.

Групата брои 40-тина деца и ја сочинуваат наградени ученици од основните  и средни општински училишта, деца од социјално загрозени семејства, деца на загинати бранители и деца истакнати членови на Детската Амбасада.

За време на престојот децата ќе имаат можност да ги посетат градовите Рим, Венеција, Фиренца и Светата столица – Ватикан.

На оваа посета посебно внимание заслужува посетата на Светата столица – Ватикан каде е предвидено од страна на  Детската Амбасада за Сите Деца во Светот да биде предаде нота за прием на акредитивите на Неговата Светлост Папата Францис.

Целта на оваа посета помеѓу два пријателски народи е поттикнувањето на децата за нивно зближување и градење на мостови на пријателство помеѓу две држави и две култури.