Најдобро чуваната тајна: На која девојка од „Спајс Грлс“ секогаш и’ го гаселе микрофонот

Откриена е најголемата тајна на Спајст Грлс. Иако, многумина ќе бидат изненадени, но Викторија Бекам призна дека за време на концертите на бендот продуцентите и’ го гаселе микрофонот, а причината за тоа не е тешко да се претпостави.

Поранешната пејачка, а сега дизајнерка и сопруга на фудбалер и мајка на 4 деца со години молчела за ова, а проговори на илзожбата „Вог 100“ во Лондон.

Таа рече дека продуцентите сакале да ги слушаат само нејзините колешки од бендот Мел Би, Мел Си, Гери Халивел и Ема Бантон како ги пејат славните хитови на овој женски бенд, но не и неа.

Ми го гасеа микрофонот и ги оставаа другите да пејат. Но кој последен се смее… Сега мојот микрофон конечно е вклучен, рече 42-годишната Викторија на водителката Клаудија Винклмен.

Таа додаде дека другите членки на бендот облеката ја добивале бесплатно, а таа го трошела буџетот на бендот за скапа дизајнерска облека.

Секогаш бев таа што сакаше облека и тоа ми беше супер, затоа што девојките добиваа облека што беше сра*е, а јас имав доволно пари за мојот мал Гучи фустан, вели таа.

Исто така додаде дека и таа секогаш била најсериозна во славната петорка.

Додека другите беа забавни и спонтани и скокаа на маси, јас секогаш проверував дали масата ќе се распадне. Јас секогаш бев најразумна, рече таа и додаде дека била најрезервирана во бендот.