Најдоброто од македонската мода на едно место

Деветтиот Моден Викенд Скопје кој ќе се одржи од први до шести април, ќе ги спои силата на виолетовата и страста на црвената со волшебен букет од интензивни бои и раскошни 3Д цветови.
Во дезените на претстојните пролет и лето ќе не облечат македонските дизајнери чиишто најнови колекции ќе ги видиме на различни локации во Скопје.

Во новата сезона, Моден Викенд Скопје ќе ги обедини природата која во денешното време повеќе не е статична, балансирана и хармонична и техологијата која инспирирана од културните навики ја дизајнира нашата околина создавајќи ја таканаречената „Следна природа“- која е апсолутно динамична и непредвидлива.

Подготовките за априлското, деветто издание на Моден викенд Скопје, стартуваа со фотосесија за новиот имиџ кој ќе ја следи сезоната пролет –лето 2014 година.