Најексплозивната бомба на Заев, повторно петарда

Лидерот на опозициската СДСМ денеска ја објави петата „бомба“, која иако беше најавувана дека ќе биде најексплозивната досега не предизвика никакви „тектонски поместувања“.

Заев денеска објави прислушувани телефонски разговори меѓу премиерот Никола Груевски и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.

Главна тема на разговорите помеѓу премиерот и министерот е уривањето на нелегално изградениот објект Космос на Фијат Цаноски.

Повторно, како и пред секоја нова бомба Заев најави дека овие разговори конечно ќе ја откријат вистината за наводниот криминал на власта, но повторно помеѓу соговорниците немаше никакви разговори за криминал, затоа што станува збор за објект кој е незаконски изграден.

Лидерот на СДСМ упорно тврди дека материјалите се добиени од извори во УБК, а нивен наречател се Мијалков и Груевски, но останува отворено нелогичното прашање зошто некој би наредил да се снима самиот себеси.