Најгласните поборници за слобода на говорот и на медиумите Заев и Шекеринска, денеска во Брисел не сакаа да дадат изјава

Актуелната политичка состојба и еврооинтегративниот процес на Македонија беа темите во фокусот на денешната прва средба на председателот на СДСМ Зоран Заев со Еврокомесарот за проширување Стефан Филе-јавува дописникот на Нетпрес од Брисел.На состанокот Филе ја нагласил и потребата за национален консензус поврзан за реформите и агендата за европскиот процес .

„Тие разговараа и за реформите во најчуствителниот дел како што се владеење на правото, слобода на медиумите. Тие разговараа и за работните групи кои работат на изборната легислатива, и во тој контекст нагласија потребата за фер услови за политички натпревар во државата“ изјави портапрол Петар Стано .

На денешната средба Фуле ја истакнал и неговата силна подршка во реформскиот процес преку Пристапниот дијалог на високо ниво, за чија следна рунда преговори сеуште не е закажан конкретен датум.Инаку најгласните поборници за слобода на говорот и на медиумите Заев и Шекеринска, денеска во Брисел не сакаа да дадат изјава за постојаните
дописници на македонските медиуми во европската престолнина со образложение дека не сакаат да ризикуваат и да одговараат на прашања. *

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.