ВИДЕО: Дали ова е најглупавата изјава во историјата?

Дали ова е најглупавата изјава во историјата? Ова прашање денеска кружи на социјалните мрежи, откако во завршниот дел за изборот за Мис на Италија трите финалистки мораа да одговараат на прашања.

Финалето се одржа во неделата навечер, а еден од членовите на жирито ги праша финалистките во кое историско доба би сакале да живеат. Одговорот на кандидатката Алисе Сабатини сите ги насмеа и предизвика бурни реакции на социјалните мрежи.

Би сакала да бев родена во 1942 година и да имав можност дља ја проживеам Втората светска војна. За неа се пишувани страници и страници и јас би сакала тоа лично да го доживеам, а бидејќи сум жена не би морала да облекувам униформа, изјавила мисицата, која очигледно не го земала во предвид фактот дека и бебињата не одат во војска, без разлика на полот.

Нејзините зборови предизвикале шок и неверување во публиката, но и лавина реакции на Твитер:

„Ова е единствената мисица што не сака мир во светот“; „Мис на партизаните“.

Ова се само дел од коментарите што се ширеа на социјалните мрежи, покрај прашањето, дали ова е најглупавата изјава во историјата.