Македонија

Најголем број од заболените лица се лекуваат на скопските клиники

Најголем број од заболените лица се лекуваат на скопските клиники

Според податоците од годишниот извештај за дијагностичко сродните групи за 2014 година вкупниот број на хоспитално лекувани во 2014 година изнесува 234.642 пациенти и е поголем за 11.203 случаи, односно за 5 % во однос на 2013 година. Како што денеска на прес – конференција потенцираа директорите Сашо Стефановски и Орхан Рамадани најголемиот број на лекувани акутни болни во болничка здравствена заштита се во регионот на градот Скопје, каде се евидентирани 110.725 или 47,1% од вкупниот број на ДСГ случаи во Македонија (вклучени се и приватните болници со кои ФЗОМ има склучено договор).

Тоа значи дека речиси половина од заболените лица се лекувала на скопските клиники.

Причината а зголемениот број на заболени и хоспитално лекувани пациенти според  директорот на Фондот за здравство Стефановски е зголемената свесност кај граѓаните за нивното здравје.

Во годишниот извештај се опфатени  61 здравствена установа, од кои 56 се јавни здравствени установи, од кои 14 општи болници, 27 клиники, 3 клинички болници, 9 специјални болници, 3 психијатриски и 5 приватни здравствени установи кои соработуваат со Здравствениот фонд.