Најголем дел од Австријците се против новото ширење на ЕУ

Најголем дел од Австријците се против приемот на нови членки во ЕУ, а единствена земја која би ја поддржале е Исланд, покажува истражувањето на јавното мислење кое го спровело Друштвото за европска политика.

Најголем дел од Австријците се против прием на Турција во ЕУ, но и земјите на Западен Балкан. Приемот на Македонија го поддржуваат 26 отсто од Австријците, додека 56 отсто се против. Речиси сличен е ставот и кон другите балкански земји.

Генерално гледано, расположението на Австријците спрема проширувањето на стабилното негативно искуство во ЕУ во последните четири години не е променето.