Најголем спектакуларен концерт на Жељко Јоксимовиќ во Македонија

Еден од најпознатите српски пејачи Жељко Јоксимовиќ, денеска одржа средба со новинарите на која ги откри деталите за претстојниот концерт кој ќе се одржи на 21 јуни на Национална Арена Филип Втори.

Организаторот од Србија вели дека ова не е прв голем концерт за нив, но ова ќе биде прв најголем во Македонија.

„Мојата желба да го наполнам стадионот се роди уште пред 3-4 години, но еве кога сега е завршен целосно и изгледа спектакуларно и светски, е вистинското време. Ја сакам Македонија, го сакам Скопје, го сакам вашето госпопримство, ете зошто со радост се враќам секогаш во Скопје,“ изјави популарниот кантавтор Жељко Јоксимовиќ.

Жељко Јоксимовиќ, човекот со богата музичка биографија вели дека ако Евровизија со „Лане Моје“ му донесе голем успех, третото место на Хари Мата Хари со „Лејла“, песната за која работеше, 21 јуни датумот кога ќе го одржи концертот во Скопје ќе биде забележан во неговата успешна музичка кариера.

Токму овој најголем концерт ќе биде пренесувам во сите поранешни југословенски земји со што Скопје ќе добие разгледница насекаде од концертот.“

На прес конференцијата Жељко Јоксимовиќ ексклузивно на новинарите откри дека снимил заедничка песна со Даниел Кајмакоски, победникот на „Х Фактор“, и премиерно ќе ја изведат на големиот концерт на 21 јуни.

Цена на влезниците до 10 јуни ќе биде 200 и 250 ден за партер, додека ВИП влезниците ќе се продаваат по цена од 400 денари, и се во ограничен број.

Спектакл за кој долго ќе се зборува. Концертот ќе биде по многу нешта посебен, меѓу другото во сценографските елементи и осветлувањето

Утре, очекувајте ексклузивно интервју за Нет Прес со Жељко Јоксимовиќ.