ФОТО: Најголемата подземна база на Балканот

Во Западна Босна на границата со Хрватска се наоѓа „Објектот 505“ – најголемата воздушна подземна база на Балканот. Примарната цел на овој објект била сместување на радарскиот систем, како и на стратешката одбрана на Југославија, пишува „Њузвик.рс“.

Најголемата подземна база на Балканот
Најголемата подземна база на Балканот

Во филмот „Ѕвездени патеки: Империјата го возвраќа ударот“, бунтовниците ги чуваат нивните летала во подземна база и излегуваат само кога треба да удрат на Империјата. Воздушната база Жељава претставува југословенска верзија на истата база.

Најголемата подземна база на Балканот
Најголемата подземна база на Балканот

Изградбата на базата била изведена во тајност во периодот помеѓу  1957 и 1965 година, а цената на работата изнесувала неверојатни шест милијарди долари. Тајната база е поставена во центарот на мрежата на воени инсталации, а била одлично поврзана со голем број аеродроми, радарски и ПВО системите во околината.

Најголемата подземна база на Балканот
Најголемата подземна база на Балканот

Базата Жељава, како што неофицијално се нарекува, претставуваше чудо на воената индустрија. Подземниот аеродром имал 4 излези, а од секој од нив можеле да полетуваат борбени авиони. Во базата што е дизајнирана да прими нуклеарна бомба, биле стационирани две ескадрили ловци. Базата можела херметички да се затвори така што 1.000 лица можеле да преживеат барем 30 дена внатре.

Најголемата подземна база на Балканот
Најголемата подземна база на Балканот

Објектот 505 имал пристап до подземен извор со вода за пиење и имал сопствен генератор за електрична енергија. Со подземни цевки се доставувало гориво кое доаѓало од подземниот склад во близина на Бихаќ.

Најголемата подземна база на Балканот
Најголемата подземна база на Балканот

Базата била дизајнирана како одбрана од странските агресори, но за жал, никој неможел да претпостави дека наместо тоа ќе дојде до граѓанска војна.

Најголемата подземна база на Балканот
Најголемата подземна база на Балканот

За време на повлекувањето на ЈНА од Босна било одлучено базата да се онеспособи, односно да се уништи со цел да се спречи да му послужи на непријателот. Тоа било направено со активирање на вграден експлозив, а демолирањето на базата го довршила војската на Република Српска Краина која активирала уште 56 тони експлозив. Ударот бил толку јак што се почувствувал во соседен Бихаќ.

Најголемата подземна база на Балканот
Најголемата подземна база на Балканот

Денес, напуштената база се наоѓа на територија на БиХ. Пристапот е невозможен без стручно лице, а и тогаш се советува внимателност поради големиот број нагазни мини и други експлозиви.

Најголемата подземна база на Балканот
Најголемата подземна база на Балканот

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.