Најголема заплена на дрога: Полицијата откри шест тона хашиш

заплена на хашиш во Франција ФОТО: АФП
ФОТО: АФП

Најголема заплена на дрога во последните неколку години. Вака се дефинира во француските медиуми денешната акција на француската полиција во Марсеј која заплени речиси шест тони хашиш и приведе тројца мажи осомничени за трговија со дрога.

Истрагата траела неколку месеци

Според соопштението на Министерството за внатрешни работи на Франција, цитирано од француските медиуми, по неколкумесечна истрага, полицијата открила 5,6 тони смола од канабис во една вила во јужниот дел на Марсеј, како и уште 150 килограми во автомобил. Тоа е воедно се смета дека е најголема заплена на дрога во последните неколку години во Франција.

– Полицијата во неделата следела тројца мажи, за кои се сомневала дека се вмешани во голема мрежа на трговија со дрога во Марсеј и блискиот град Витрол, се посочува во соопштението од кабинетопт на министерот за внатрешни работи Бернар Казнев.

Казенев, кој попладнево треба да го посети Марсеј им честиташе на припадниците на француската полиција за нивниот голем успех и оваа најголема заплена на дрога во последните неколку години.

Марсеј познат по големиот број уживатели на марихуана

Во Марсеј дилерите им давале картички за доверба на редовните муштерии
Во Марсеј дилерите им давале картички за доверба на редовните муштерии

Инаку во Марсеј има голем број на уживатели на марихуана. Градот стана познат во светските медиуми годинава во месец мај, кога беше откриено дека локалните дилери во градот даваат картички за доверба на редовните муштерии.

Најголема заплена на дрога во последните неколку години

Во 2013-тата француските цариници запленија околу 7, 5 тони канабис во еден ден, од кои 5, 5 тони беа пронајдени во камион кој превезувал краставици, а другите два тона во камион кој превезувал портокали.

Најголемата заплена на дрога во Франција била во 1999-тата година кога биле запленети 23,5 тони во една акција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.