Свет

Најголемата црква, стана џамија

Најголемата црква, стана џамија

Зборувајќи за случувањата во Мосул, арчбискупот Никодамус Даоуд за Русија Денес изјавил дека христијаните во Мосул и Курдистан доживуваат геноцид и етничко чистење.

Христијаните во Мосул биле ставени пред ултиматум кога пред речиси еден месец требаа да изберат меѓу прифаќање на исламот, плаќање на такса или смрт.

„Истребувањето на христијаните е случува веќе 40 дена. Одлучив да не зборувам јавно за време на тој период од страв за животот на христијаните кои живееја во Мосул. Но, со оглед на тоа дека сега нема ниту еден христијанин во Мосул бидејќи беа протерани од своите домови на најбрутален и најнечовечки начин. Она што се случува, она што ни се случува на сите нас е геноцид. Да, тоа е вистината“, објаснувал Никодамус.

Тој додал дека христијаните таму не завземале ничива страна во битката помеѓу Сунитите и Шиитите, како и тоа дека тие живеат таму со генерации наназад. Никодамус понатаму додава дека христијаните има ги преведувале книгите на муслиманите за тие да можат да се едуцираат, за што сега се каат.

„Нашиот проблем не е со исламот и со муслиманите. Живееме повеќе од 1.500 години со нив. Имаме проблем со оние кои сакаат повеќе да нема христијани на Блискиот Исток“, изјавил тој за Русија Денес.

Арчибскупот кој сведочел на егзодусот, раскажал како почнале да ги обележуваат куќите во кои живееле христијаните, ставајќи ја буквата C (Christians). Истотака нивните домови биле ограбувани но и се што поседувале како што се автомобили и друг движен и недвижен имот. Еднаш дури и откинале златна обетка на едно 6-годишно девојче. Ги претепувале и им ги земале документите за лична идентификација и им викале никогаш повеќе да не се вратат назад инаку ги чека сигурна смрт.

!Тие ги тргнаа крстовите од сите цркви. Најпрвин го извадија крстот од катедралата „Маер Афрам“ и ограбија и уништија се што беше внатре. Денес ме информираа дека таму поставиле микрофони и звучници и ја преобразиле во џамија и внатре веќе се молеле муслиманите. Зарем немате доволно џамии во Мосул?! На секои два чекори се гледаат џамии, но мораа да ги земат и црквите и да ги претворат и нив во џами“, заклучил Никодамус.