Најголемата саемска манифестација во Кина пред македонските компании

Во насока на запознавање на македонските компании со годинешната саемска манифестација „115th China Import and Export Fair – Canton Fair 2014”, Стопанската комора на Македонија, во соработка со Амбасадата на Кина во Македонија и Кинескиот Центар за надворешна трговија, организира презентација на најголемата саемска манифестација во Кина пред македонските компании.

Целта на презентацијата во Стопанската комора на Македонија е заинтересираните македонски компании да се запознаат со условите, можностите и бенефитите од посета или настап на саемските манифестации во Гуангжу, кои ја отвораат вратата за промовирање на македонското стопанство не само во провинцијата Гуангдонг, туку и пошироко на пазарите на НР Кина.

Презентацијата на Саемот ќе се одржи утре со почеток во 11 часот, во Стопанската комора на Македонија.