Најголемата желба на Жерновски е да биде Зоран Заев

Најголема желба на Андреј Жерновски е да биде Зоран Заев. Со емитување на истите креирани, монтирани, лепени и прелепувани разговори Андреј Жерновски се кандидраше за наградата Златна копија на годината во филмот режиран од странски центри, а продуциран од Зоран Заев, Зоран Верушевски и врхушката на СДСМ, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува интегрален текст од соопштението од владејачката партија

Денес видовме реприза на фијаското на СДСМ од Универзална сала пред неколку дена.

Овие луѓе очигледно не разбираат дека во желбата да ја однесат Македонија во хаос, дестабилизација и проблеми, единствено што ќе успеат е да ја дооднесат СДСМ во целосна безидејност и внатрешно распаѓање.

И Заев и луѓето околу него се прочитани од граѓаните. Веќе и на најсилните поддржувачи на СДСМ им е совршено јасно дека ова сценарио за дестабилизација ќе заврши како лош спомен за штетно и срамно однесување против интересите на својата држава и своите граѓани на неколку луѓе во врвот на опозицијата.

Наместо СДСМ да се посвети на своја програма, предлози, проекти и идеи за подобар живот на граѓаните, да понуди алтернатива и здрава критика кон реалните политики, тие се одлучија да креираат сценарија за дестабилизација на државата, за нарушување на меѓународниот углед и за превземање на власта по секоја цена.

Уште еднаш апелираме до СДСМ да продолжат вака за граѓаните до крај да им го видат вистинското лице.

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи Зоран Заев да си поигрува со реалниот живот на граѓаните, а ние ќе продолжим да работиме на создавање услови за отворање на нови фабрики, за отворање на нови работни места, ќе продолжиме да ја градиме инфраструктурата низ Македонија, нови автопати, магистрални патишта, ќе продолжиме да инвестираме во нови училишта, градинки, болници, ќе продолжиме да работиме за повисоки пензии, за повисоки плати на вработените, за поддршка на земјоделците. ВМРО-ДПМНЕ ќе прододлжи да работи на подобрување на реалните прашања и потреби на граѓаните.