петок, 17 февруари 2017  |  Вести денес: 0

Најголеми грешки што ги правите кога ги обликувате веѓите

Веѓите се мошне важен естетски дел од лица. И тоа еден дел од лицето што може во голема мерка да ви го промени изгледот.

epilacija-1-600x396

Последни вести

Сигурно понекогаш сте се запрашале што е тоа што го правите погрешно па вашите веѓи не се доволно убави, густи и сјајни? Еве некои грешки што можеби секојдневно ги правите, но не сте свесни за тоа.

Веѓите се мошне важен естетски дел од лица. И тоа еден дел од лицето што може во голема мерка да ви го промени изгледот.

Премногу ги кубете веѓите од страна

За да го избегнат изгледот на т.н. споени веѓи голем број жени ги кубат или го депилираат просторот помеѓу нивните веѓи и тоа го прават премногу често.

Големиот простор помеѓу очите прави носот да изгледа поголем, а очите премногу раздалечени. Почетокот на веѓите би требало да почнува од почетокот на носот, а не од надворешните рабови на нострилките.

Покрај тоа, треба да се обрне внимание и на надворешниот раб на веѓите. За да знаете каде веѓите треба да завршат, замислете дијагонална линија од аголот на носот до надворешниот раб на окото. Ставете молив во тој правец и точно визуелно ќе одредите.

Правите премногу голем лак

Преголемиот лак го менува изгледот на вашето лице, па така, тоа добива израз на изненаденост. Затоа е важно да го најдете природниот лак, така што ќе ја одредите највисоката точка на вашите веѓи, што е некаде на околу две третини од средината на внатрешноста на веѓите.

Користите стара пинцета

Ако влакното лизга низ вашата пинцета, време е да ја замените со нова. И немојте да дозволите да се извалка од козметиката во вашата чанта. По секоја употреба исчистете ја со алкохол за да го избегнете развојот на бактерии.

Претерано кубење

Премногу честото кубење на веѓите, обично на дневно ниво, го практикуваат голем број жени и на тој начин негативно влијаат на нивниот изглед.

Според мислењето на експертите идеално би било да ги кубете веѓите еднаш во три недели. На тој начин, влакненцата што раснат со различна брзина ќе имаат доволно време да пораснат, а со самото тоа и веѓите ќе бидат изедначени.

Заборавате на врвот

Кога ги средуваат веѓите жените воглавно се фокусираат на пределот под самите веѓи, а го занемаруваат врвот. Во делот над веѓите никако не би требало да се остават влакненца затоа што тие ќе бидат уште поизразени.

Претерано користење на молив

Моливот е одлично средство за обликување и дефинирање на веѓите, сепак потребно е малку вештина. Изберете молив што е за нијанса посветол од природната боја на вашите веѓи и обликувајте ги со природен потег. Претераното користење молив или потемната нијанса може да изгледа извештачено. Всушност поентата е само да ги исенчате веѓите, а не да си нацртате нови!

Кубење со восок и креми против стареење

Сигурно сте слушнале за ретиноидите, односно за кремите против стареење што го подобруваат производството на колаген и го забрзуваат процесот на обновување на ќелиите на кожата. Но, дали сте знаеле дека тие можат да и’ наштетат на кожата, доколку веѓите ги депилирате со восок.

Ретиноидите ја прават кожата почувствителна и потенка, а кубењето со восок (во ваква ситуација) може да биде изразено болно и да влијаее за појава на иритација. Ако користите креми со оваа состојка, тогаш строго држете се до пинцетата при обликувањето на веѓите.

Најчитани вести