Најголеми стравови на хороскопските знаци

Кој вели дека воживотот ништо не го плаши, не ја зборува вистината. Единствен начин да ги искористие нашите стравови во сопствена корист, е да знаеме кои се тие. На тој начин ќе може да се соочиме со нив и даги победиме.

За оние кои се’ уште не се свесни што ги плаши во животот, еве мала помош од астрологијта.

Овен: Страв од загуба на блиска личност

Единственото нешто пострашно за Овенот од тоа да изгуби битка, е да изгуби пријател во текот на тој процес. Овните се родени борци и тие не можат да ја сопрат нивната потреба да победат по секоја цена. Тие не се ни свесни за последиците додека не забележат дека нивниот близок не се брани со напад, туку комплетно исчезнува. Овенот никогаш нема да ја заборави својата грешка и ќе се чувствува навистина лошо поради тоа. Но, сепак на крајот нивната неуморност само ќе ги поттикне да се борат уште повеќе и ќе ги спречи да излезат од нивниот магичен круг.

Бик: Страв од финансиска нестабилност

Бикот сака да му е удобно. Тој ужива во добра храна, добро друштво, убава и топла атмосфера. Поради тоа, нему многу му е важна финансиската стабилност и тој ги чува парите како очите. Кога ќе видат дека буџетот му се намалува, првото нешто што го загрижува се промените што ќе треба да ги направи во начинот на живеење. Тие не заработуваат пари само колку да заработат, туку за да потрошат. Ништо не ги плаши повеќе од нестабилноста било да се работи за финансиска или за каква било друга нестабилност.

Близнаци: Страв од донесување одлуки

Близнаците постојано ги менуваат нивните одлуки, мислења и избори затоа што не можат да се држат до нив. Тие најмногу се плашат од донесувањето одлуки. Тие имаат две страни на својата личност кои постојано се во конфликт една со друга. Само што ќе одлучат нешто, нивната друга половина почнува да им досадува за тоа што би било кога би одлучиле поинаку. Проблемот кај Близнаците е тоа што знаат дека и двете нивни страни имаат одлични идеи.

Рак: Страв да ја напуштат удобната зона

Раковите имаат најголем проблем со агорафобијата. Тие сакаат да останат во нивната удобна зона, местото каде што никој не може да ги повреди. Нивниот најголем страв е да бидат заробени во места или ситуации од каде што излезот е многу тежок. Раковите можеби се чувствуваат побезбедно во зоната на која се свикнати, но оваа изолација не е добра за нив. Треба повеќе да се изложуваат на местата кои ги плашат и да одат на места кои се физички и емоционално непознати за нив. На тој начин тие ќе научат дека личната слобода е поврзана со внатрешните околности, а не со надворешните.

Дознајте кој е вашиот најголем внатрешен страв според хороскопскиот знак

Лав: Страв да бидат игнорирани

Лавовите не можат да поднесат да излезат од некоја соба незабележани. Тие на секој можен начин ќе се обидат да го привлечат вниманието на луѓето околу нив, било тоа да е преку нивната облека, говор на телото или начинот на кој се изразуваат. Тие воопшто не ги вреднуваат нивните искуства и успеси, ако тие не биле видени и забележани од другите луѓе. Добро е тоа што Лавовите се повеќе од способни да станат центар на внимание во секоја можна ситуација.

Девица: Страв од несовршеност

Девицата очајува и при најмалиот случај на хаос во нејзиниот емотивен и физички свет. Тие по природа се прилично негативни луѓе иако тврдат дека се само практични и реалистични. Со помош на нивната организација се обидуваат да се дистанцираат од нивните емоции. На свесно ниво тие се плашат од надворешната несовршеност, но вистинскиот внатрешен страв на Девицата е од нејзиниот емотивен хаос што може да настане ако се препушти на чувствата.

Вага: Страв од осаменост

Вагите се интелигентни и страсни личности. Тие сакаат романтика и речиси секогаш се во врска, поради што тешко им е да замислат да го поминат животот сами. Вагите честопати преминуваат од една во друга врска бидејќи не знаат како да живеат без некој постојано да се грижи за нив и да им посветува внимание. Брзо се вљубуваат и не поминуваат многу време во размислување што тргнало наопаку во претходната врска.

Скорпија: Страв од блискост

Скорпиите се мрачни, длабоки и комплицирани луѓе. Иако тоа воопшто не го покажуваат, Скорпиите се многу чувствителни луѓе. Нивниот страв од интимност произлегува од стравот да бидат напуштени и повредени. Тие се плашат дека ќе ја изгубат нивната индивидуалност во врската и затоа честопати ги оттргнуваат од себе нивните партнери со тоа што се препуштаат на неверства и стануваат екстремно ладни. Дури и ако сте пријатели со некоја Скорпија, на секои неколку месеци ќе се прашувате „Што направив сега?“.

Стрелец: Страв да ја изгубат својата слобода

Стрелците сакаат да истражуваат. Тие сакаат да патуваат низ светот и на тој начин да се откриваат себеси. Поради тоа кај нив често се јавува чувство на клаустрофобија кога треба да останат подолго време во затворен простор или кога треба да извршуваат некои секојдневни обврски кои не можат да ги одбегнат и поради кои се чувствуваат заробени. Ништо не ги плаши повеќе од можноста да ја изгубат нивната слобода.

Јарец: Страв од неуспех

Мислите на Јарците се постојано окупирани со нешто. Тие се зависници од работата, но нивната потреба да се искачат на скалата на успехот е честопати попречена од нивниот страв од неуспех. Токму поради овој страв тие сè што прават, прават бавно и внимателно. Секоја нивна одлука е внимателно промислена и разгледана од секој можен агол. Но, во моментот кога ќе го искористат стравот од неуспех како мотивација да одат напред, ништо не може да им застане на патот.

Дознајте кој е вашиот најголем внатрешен страв според хороскопскиот знак

Водолија: Страв од институции

Водолиите целиот нивен живот ќе се трудат да го избегнат секој можен вид интелектуално заробување. Тие не сакаат корпоративни работи, училишта, болници и брак. Тие сметаат дека овие институции ќе го заробат нивниот интелект и ја мразат самата помисла од тоа да станат конформисти во општеството. По секоја цена сакаат да ја зачуваат својата оригиналност и уникатност. Или не им го наметнувајте вашето мислење, или оставете ги. Тие не знаат да функционираат на друг начин.

Риби: Страв од одговорност

Рибите се вистински Петар Пан во Зодијакот. Тие живеат во нивната фантазија и не сакаат никогаш да пораснат. Рибите се надарени со неизмерлива креативност која ги спречува да се справат со секојдневниот живот. Тие исто така се и склони на пороци бидејќи на тој начин се обидуваат да избегаат од досадните одговорности наметнати од реалниот свет. Големи се шансите тие никогаш да не созреат целосно и засекогаш да го задржат детскиот дух и начин на размислување.