среда, 26 јули 2017  |  Вести денес: 42

Најголемиот син ѕвезден сафир пронајден во Шри Ланка

safir

Последни вести

Гемолошкиот институт во градот Коломбо го потврди пронаоѓањето на скапоцениот камен 1404,49 карати, а потврдено е дека поголем од овој камен досега не е виден.

Вредноста на сафирот е проценета на 100 милиони долари, а моменталниот сопственик верува дека на аукција ќе биде продаден за 175 милиони долари.

Годишна вредност на индустријата на скапоцени камења во Шри Ланка изнесува 103 милиони долари, а сафирите се најзастапени во извозот. Сините ѕвездени сафири се именувани по препознатливата ознака во нивниот центар.

– Кога го видов сафирот, одлучив дека морам да го купам. Веднаш штом го видов, помислив дека би можел да биде најголем во светот. Ризикував и го купив, рече сопственикот на сафири кој сакаше да остане анонимен. Тој не откри колку го платил скапоцениот камен.

Синиот сафир е пронајден во градот Ратнапур во јужниот дел на Шри Ланка. Овој град е познат како град на скапоцени камења.

Најчитани вести