Најголемите мистерии на планетата Земја

И покрај најсовремената технологија, многу светски чуда претставуваат вистинска загатка за човечкиот род.

Светот е полн со чуда. За повеќето од нив научниците понудија разумни објаснувања, но за некои од нив се’ уште не можеме да најдеме вистинско објаснување без оглед на тоа колку време сме вложиле во набљудување.

1.Кинеските мозаик линии

Овие чудно поставени линии се наоѓаат на координатите 40°27’28.56″N, 93°23’34.42″E. Не постојат многу информации за овие чудни, но сепак убави линии врежани во пустината во провинцијата Гансу Шенг во Кина. Додека некои сметаат дека ова е таен воен полигон, други мислат дека се работи за порака за посетителите од вселената, меѓутоа, вистинско објаснување нема.


2. Камената кукла

Пронајдена во јули 1889 година во Нампа, Ајдахо, оваа малечка камена кукла излезе на површина при копање на бунар, и предизвика инстантен интерес од многу научници ширум светот. Без никаков сомнеж е направена од човечка рака, но пронајдена е на 100 метри длабочина, со што може да се пресмета дека исчезнала долго пред овде прв пат да се појави човек.


3. Камениот календар

Во египетскиот дел на пустината Сахара лежи најстарата позната астрономски сложена камена структура на светот – Набта. Илјадници години пред Стоунхенџ, луѓето поставиле камени во круг на брегот на езеро кое одамна пресушило. Овие камени, високи три метри, биле довлечени овде пред 6.000 години. Иако денес ова подрачје на Египет е пустина без врнежи, овде некогаш живееле одамна изумрени бизони. Ископините покажуваат дека ова подрачје некогаш било многу населено. Прашањето за што служеле овие камени уште не добило одговор. Додека некои сметаат дека служеле како календар, други мислеле дека овде се принесувале жртви на боговите.


4. Древен вселенски брод

Не се работи за летало, туку за цртеж во пештера која датира 5.000 години пред Христа, а се наоѓа во Јапонија.


5. Силата на пирамидите

Овие пирамиди се наоѓаат во Мексико. Во нивните ѕидови е вграден минерал познат под името мица. Она што е изненадувачко е фактот дека најблискиот каменолом во кој се наоѓа овој минерал е во Бразил, на илјада километри од пирамиди. Прашањето кое се поставува е зошто древните градители изминале толкав пат за да го вградат овој минерал во ѕидовите на пирамида. Дали со помош на тој минерал впивале некоја одамна заборавена енергија за да го зачуваат својот град?


6. Фосилизиран џин

Овој фосилизиран џин е пронајден во Ирска во 1895 година, и има висина од 3,6 метри. Откриен е при минирање на блиска планина. Освен неговата големина, зачудувачки е и фактот што на секое стапало и дланка има по шест прсти.


7. Потопените пирамиди

На кубанскиот брег се наоѓаат потопени пирамиди, и тоа на неколку места. Ги пронашле американски археолози и веднаш разгласиле дека ја пронашле Атлантида. Не постојат никакви пишани податоци за тоа за кој град би можело да се работи, па остануваат само погодувања…


8. Џиновите од Невада

Постои легенда за 4 метри високи црвенокоси луѓе во Невада. Легендата за тие луѓе ја пренесуваат индијанските племиња. Подоцнежните ископувања на подрачјето на Невада резултираа со ископување на големи човечки черепи и два костури. Едниот со висина 2,8 метри, а другиот 3,5 метри.

 

9. Мостот на кучешката смрт

Ова е мост од кој кучињата скокаат и извршуваат самоубиство. Се наоѓа во Шкотска, изграден е 1850 година, и станал познат по тоа што многу кучиња скокнале од него без никаква причина. Локалните сопственици на кучиња го одбегнуваат ова место бидејќи кучињата во негова близина стануваат чудни и цивкаат, а оние кои ќе побегнат од синџирот скокаат од него во 50 метри длабоката провалија.


10. Лоладофовата чинија

Оваа чинија е 12.000 години стар камен пронајден во Непал. Изгледа дека Египет не е единствената земја посетена од вонземјани. На чинијата е прикажан летачки брод во облик на диск, но и фигура која потсеќа на човеколик посетител од вселената.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.