понеделник, 28 ноември 2016  |  Вести денес: 55

Најголемите мистерии: Пет места на кои никогаш не треба да отидете

deer-ufo

Последни вести

Ѓаволско Море

Овде исто така станува збор за подрачје во триаголен облик сместено на брегот на Јапонија кое го карактеризираат мистериозни исчезнувања, необјасниви светла и магнетни аномалии, а дури и Јапонската Управа за риболов го смета за опасно место. 1952 година на ова подрачје е испратена експедиција чија задача била да ја истражи оваа мистерија.  Веќе претпоставувате – никогаш не се вратиле.

Наводно уште Кублај Кан го искусил Ѓаволското Море кога, обидувајќи се да ја нападне Јапонија преку ова море, изгубил повеќе од 40.000 војници. Теориите се следните: вонземски облици на живот, врата на паралелен свет, Атлантида, големи вулкански ерупции…..

devil__s_sea_by_kire19872

Ранчот Бигелоу

Поседот е со големина од 480 хектари сместен во американската сојузна држава Јута, а необјасниви случки почнале да се се случуваат уште 50-тите години од минатиот век, но станале се почести кога ранчот го купил брачниот пар Шерман во 1994 година. Првиот ден од своето сместување на поседот здогледале волк на кого му се приближиле кој дури им дозволил да го погалат, но ненадејно скокнал на оградата и гризнал едно јагне за њушката. Тери Шерман извадил пиштол и го погодил волкот, но куршумот на животното не му нанело повреда. Отишол во куќата по сачмарката, поторно го погодил волкот – повторно ништо. Шерманови се обиделе да ги пронајдат неговите трагови кога исчезнал.

Оттогаш сведочеле за бројни НЛО, сакатење на животни и други работи. Ранчот на крајот го продале на Роберт Бигелоу, основачот на Националниот институт за научни откритија (Discoveru Science) кој и денес го проучува феноменот на ова место.

images (1)

Долината Сан Луис

Во долината сместена во југозападниот дел на Колорадо пријавени се со илјадници НЛО-а и на стотини унакажани животни. Прва меѓу нив била кобилата Синди уште 1967 година која била пронајдена без мозок. На неа не биле пронајдени апсолутно никакви повреди кои би можеле да објаснат како и е изваден мозокот. Слично било и со останатите животни. Ите унакажени, без резови, убоди или траги на крв.

Истрагата која била покрената никогашне дала резултат, а необјасниви работи се случуваат до денешен ден.

Бенингтовиот триаголник, овој пат на југозападот на Вермонт пристаниште на мистериозни исчезнувања.Прво исчезна еден ловец, потоа рекреативка која тргнала на пешачење, еден ветеран и уште неколку лица. Сето тоа се случувало од 1945 до 1950 година, а исчезнувањата се случиле во периодот од два месеци.

 images (2)

Езерото Ањикуњи

Ова езеро во Канадската покраина Нунавут 1930 година проголтало цело село. На местото на селото е пронајдено се – оружјето, храната, детските играчки, се – освен луѓето. Пронајдени се телата на седум изгладнети кучиња.

d4_423_roopkund-1

Најчитани вести