Секс

Најголемите тајни на сексот- Како до заеднички оргазам?

Најголемите тајни на сексот- Како до заеднички оргазам?
Најголемите тајни на сексот- Како до заеднички оргазам?

Заедничкиот оргазам на партнерите многумина го сметаат за мит. Меѓутоа, стручњаците за машко-женските односи велат дека тој е достижен и тоа на следниве начини.

Гледајте се во очи

Позата „лице во лице“ ви дава шанса со помош на невербални сигнали еден на друг да си кажете колку кој е блузу или далеку од оргазмот.

Контактот очи со очи има уште една последица- ја засилува блискоста на партнерите, а што е посексапилно од тоа?

Стручњаците велат дека достигнувањето на оргазам може да се тренира и тоа на следниов начин: Поминете со партнерот неколку ноќи, мазејќи се! Во тие моменти сексот некаа биде забранет! Допирите ќе ви покажат што другата страна најмногу ја возбудува.

Вежбајте заедно

Кегеловите вежби не се само за жени, туку и за мажи. Научете го партнерот на овие вежби, за да  тој ги држи под контрола своите сексуални желби.

Со овие вежби управувате со сексот, со секој негов дел, но исто така влијаете и на јачината на оргазмот.

Добро е да имате меѓусебни сигнали за да го предупредите партнерот дека се’ се одвива како што треба и се полека се приближувате кон целта. Стисокот на раката може да биде тој сигнал.

Менувајте ритам

Темпото на сексуалниот однос можете исто така да го држите под контрола. Играта топло-ладно ќе го направи вашиот секс уште повозбудлив, а оргазмот поинтензивен.