Најголемо македонско оро ќе соборува Гинисов рекорд

На потегот од Мостот на поезијата во Струга до месноста Горица во Охрид,  на растојание од 18.400 метри, в сабота ќе се распоредат 18.000 учесници и ќе се фатат на оро во обид да постават нов рекорд за Гинисовата книга на рекорди, за најголемото оро на светот.

Настанот го организираат Националната установа „Танец“ и Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.

Граѓаните на Охрид и Струга, жителите на населените места помеѓу двата град, како и туристи кои в сабота ќе престојуваат на охридското и струшкото крајбрежје ќе го изиграат орото „По везден те гледам“, кое го компонирал Зоран Џорлев, во кое се споени две македонски стари ора.