Најголемото дерби во Аргентина не го дочека својот крај

Двајца играчи на Ривер Плата, Понзио и Фунес Мори, поради опекотини мораа во болница. Бока Јуниорс и Ривер Плата на “Бомбоњера” го играа реванш натпреварот од Копа Либертадоерс (0:1 прв меч).

На почетокот на второто полувреме домашните навивачи предизвикаа хаос. Најнапред некој од навивачите во тунелот кој води до соблекувалните фрли солзавец, по што играчите на Ривер побараа лекарска помош.

Домашните хулигани го “покрија” теренот на легендарниот стадион со разни предмети, а двајца играчи на Ривер беа погодени. По час и половина, главниот судија одлучи да го прекине мечот.