Најгугланите брендови во Америка

Жителите на Висконсин ги сакаат своите „ПБР“, а технолошките гиганти како Мајкрософт, Гугл и Јаху царуваат на Западниот брег, покажува најновото интернет истражување во А,ерика.

Оваа мапа, е создадена од финансиската компанија „Директ Капитал“ и на неа се прикажани најгугланите брендови во сите американски држави.

Ова е мапата:

o-MOST-GOOGLED-900

Многу од најпознатите брендови кои се гуглани се со седиште во таа држава, како „Хоме Депот“ во Џорџија, „Таргет“ во Минесота и „Мек Доналдс“ во Илиноис.

На сајтот може да се обезбедат совети за влијанието на компаниите врз културата, пазарот на труд и навиките за потрошувачка во секоја држава.

Забелешка: Компанијата „Жилет“ е најгугланата во Вајоминг. Тоа може да се должи и на фактот што во оваа држава четвртиот најнаселен град се вика „Жилет“.