Спорт

Според мадридски „АС“ „Најки“ ќе го носи Неијмар во „Реал“

„Најки“ ќе го носи Неијмар во „Реал“
Производител на спортска опрема „Најки“  се понудил на „Реал“ да му помогне да го донесе Неијмар во Мадрид, а за возврат кралскиот клуб да носи нивни дресови, а не на „ Адидас“, пишува шпанскиот спортски весник „АС“.
Бразилскиот фудбалер е се подалеку од Париз откако се засилија шпекулациите дека го одиграл последниот натпревар за „ПСЖ“. На Нејмар му е најважно по повредата да се рехабилитира навреме за почетокот на Светското првенство во Русија. Спортскиот директор на парижаните се сретнал со Бразилецот кој рекол дека сака да го напушти Париз. Сепак, францускиот клуб би го пуштил Нејмар, но само за  400 милиони евра.
Според весникот „АС“, „Најки“ е подготвен да му помогне на „Реал“ да го купи Нејмар, односно да плати добар дел од од трансферот на Нејмар, но само под услов тие да го раскинат договорот со „Адидас“ и да ги носат нивните дресови.
„Најки“ е подготвен и да му понуди многу подобар договор на „Реал“ од тој што го имаат со „Адидас“, односно околу 40 милиони евра по сезона од германската компанија,